Ако мислите дека вашиот ден започна лошо, оваа водителка ќе ви покаже дека може да биде полошо

Денот на Лизи Канди не можеше да стане полош, откако таа ги искина своите панталони од вештачка кожа на непријатно место.

Телевизиската и радио водителка остана се вцрвени откако задниот шев на нејзините црни кожени панталони се искина, изложувајќи ја нејзината проѕирна чипкаста долна облека.

Лизи (53)  не откри дали несреќата се случила за време на едно од нејзините многубројни јавни настапи.

Опишувајќи ја сликата на нејзиниот Инстаграм птофил, таа напиша: „Дали некогаш сте имале еден од оние денови? Има некој игла и конец?“

Лизи се чини дека се враќа во нормала откако ја прослави Ноќта на вештерките во типичен провокативен стил.

Водителката ја покажа својата фигура во полупроѕирен едноделен костим и ПВЦ чизми со висока потпетица.