Ако може Касандра и Ранду зошто да не и ова? Близнаци од Индија ги добија најпопуларните имиња за оваа година

Момче и девојче родени во Индија за време на карантинот во Индија добиле уникатни имиња. Родителите на децата ги крстиле Ковид и Корона.

Новороденчињата близнаци се родени во Меморијалната болница д-р Бр Амбекар во раните утрински часови на 27 март, според угледниот индиски весник НДТВ.

Родителите Прети и Винај Верма, од Чатигарх изјавиле дека имињата Ковид и Корона биле избрани за да симболизираат триумф над неволјите. „Породувањето се случи откако се соочивме со неколку тешкотии, па затоа мојот сопруг и јас сакавме да го направиме денот незаборавен.“, вели мајката, Прети.

„Навистина вирусот е опасен и загрозувачки по животот, но неговото појавување ги натера луѓето да се фокусираат на санитарната состојба, хигиената и да всадат други добри навики. Така, размислувавме за овие имиња.“, додава таа. Медицинските лица се пошегувале за двете близначиња дека се Ковид и Корона, но тоа им послужило како инспирација навистина да им ги дадат тие имиња.

Парот веќе има една 2-годишна ќерка. Близнаците се родени преку царски рез по компликации, а и мајката и бебето се пуштени од болница.