Ако некогаш помислите дека вие сте баксуз: Тинејџерка пропушти над 200 милиони евра на лото, бидејќи трансакцијата не поминала затоа што немала ни 180 денари на сметката за да го плати ливчето

Студентката Рејчел Кенеди мислела дека освоила 211 милиони евра, но не сфатила дека нема доволно готовина на нејзината сметка за да го плати лото ливчето од 2,50 фунти (180 денари).

Портпаролот на компанијата рече: „Свесни сме за приказната на Рејчел и се надеваме дека таа ќе купи билет за следното големо извлекување“.

Тој додаде дека организацијата ѝ посакала „среќа во идните извлекувања“.

 

Рејчел и Лиам ги играа своите броеви – 6, 12, 22, 29, 33, 6 и 11 – пет недели пред да дојдат на ждрепката на 26 февруари.

Таа ја проверила нејзината сметка на Националната лотарија и видела дека е победник.

„Ги повикав моето момче Лиам и мајка ми во собата и тие не можеа да поверуваат, па затоа реков: „О, боже, треба да им се јавам. Се јавив на бројот мислејќи дека освоив 182 милиони фунти и ми рекоа „да, ги имате вистинските броеви, но немавте средства на вашата сметка за плаќање на ливчето, така што трансакцијата всушност не помина.

 

Сепак дечкото на Рејчел бил повознемирен од неа: Рејчел беше прилично опуштена поради тоа, но јас не можев да се помирам. Веќе ја сликав нашата куќа од соништата и автомобилот од соништата, мислам дека малку се занесов“.

 

  • Zoran напиша:

    Секако, момчето се занесе бидејќи девојката да освои огромни милиони немаше да биде со него 😉

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *