Ако некој има нешто против оваа венчавка, нека го каже сега… Кравата од позади има!

Кога Хари и Ејми Милард ја снимаа својата прекрасна летна венчавка на Кроукомб Корт во Сомерсет, тие веројатно очекуваа убав ден.

 

Меѓутоа, кога службеничката прашува дали некој има некакви приговори за овој брак, една крава реши да го украде центарот на вниманието.

Толпата се изнасмеа, а Хари се сврти кон својата невеста и се пошегува: „Знаев дека ова ќе се случи“.

Додека скужбеничката на шега „примерно ја забележа“ изјавата на животното и насмевките почнаа да стивнуваат, таа почна да продолжува – но не за долго.

Кравата повторно испушти свук кога таа кажа: „Ако некој од присутните овде знае за некаква законска пречка…“

Повторно, додека кравата го одекнуваше своето „муууу“ низ полето, исто така се слушаше смеата на гостите и на невестата и младоженецот.

Меѓутоа, овој пат службеникот не дозволи кравата – или смеата – да ја одвратат конечно да ги праша присутните не-говедски суштества дали имаат некакви приговори.

Настрана од кравата, парот, кој е заедно повеќе од девет години, имаше прекрасна свадба. Нека им е среќа на младенците сигурно засекогаш ќе го паметат тој момент. А жал ни е за кравата затоа што очигледно го изгубила љубениот.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *