Ако се случи апокалипса, овој стрелец дефинитивно ќе преживее

Џејмс Џин континуирано ги остава своите 82.000 следбеници на Инстаграм во неверување, покажувајќи им ја својата неверојатна прецизност со лак и стрела.

Може да таргетира работи како мала табличка аспирин, или да погоди дирекно во центарот на прстен.

Неговите вештини се толку воодушевувачки, што може дури и да погоди капка вода пред да стигне до земјата.

Ако тоа не ве импресионира, некои од снимките на Џејмс се направени без тој да гледа.

Луѓето кои го следат стрелаштвото на Џејмс секој пат се воодушевени од неговата прецизност и го споредуваат со модерна верзија на Робин Худ и со Кетнес Евердин од филмовите „Игрите на гладните“.

Едно е сигурно, ако некогаш се случи катастрофа и дојде до ситуација „секој за себе“, Џејмс нема да има проблем да преживее.