Ако вашите деца користат Тик Ток предупредете ги за овој прилично глупав и опасен предизвик

Од сите глупави предизвици на интернет овој можеби ги надмина сите. Апликацијата Тик Ток стана многу популарна и многу луѓе се приклучуваат на мрежата. Постојано има нови предизвици, некои од нив се смешни и интересни, а овој предзивик може само да ви го загрози животот или да предизвика пожар во вашиот дом.

Пожарникарите на САД веќе ги предупредија сите тинејџери да престанат со ваквиот предизвик откако биле повикани на повеќе од 3 инциденти поврзани со предизвикот. Предизвикот се состои од делумно вметнување на полнач во штекер и потоа пуштање на монета. Ова е зачудувачки опасна работа – што резултира во искри, оштетување на електричниот систем, па дури и пожари.