Ако ве фати зорт, завршете си работа и кажете „тоа е дизајнот“: Нови дизајнерски фармерки со „флека од измокрено“ се продаваат по неверојатна цена

Неортодоксните фармерки Jordanluca, кои дебитираа на пистата есен/зима 2023 година, имаат темна дамка во пределот на препоните на панталоните, а критичарите велат дека изгледа како оној што ги носи да се измокрил.

 

Фармерките од британско-италијанската марка на машка облека сега се распродадени на интернет, а оригиналната цена им е 811 долари.

Необичните фармерки ја добија титулата „измочани фармерки“ како резултат на онлајн критиките.

„Зошто некој би го носел ова?“

„Не си кул освен ако не ги измочаш панталоните“

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *