Ако возите скап автомобил, тогаш најверојатно сте кретен, според науката

За многу луѓе, нивниот автомобил е повеќе од само средство за да се дојде од точка А до точка Б, исто така и дел од нивниот идентитет. Како и да е, она што повеќето луѓе веројатно не се свесни, е фактот дека нивниот избор на автомобил би можел да открие повеќе за нив отколку што мислат.

Новата студија открила дека возачите на светкави, скапи возила имаат помала веројатност да застанат и да им овозможат на пешаците да го преминуваат патот, со веројатност дека тие ќе забават од 3% за секои 1.000 американски долари плус од вредноста на нивниот автомобил.

Студијата покажа дека луѓето кои возат скапи автомобили – чувствувале чувство на супериорност во однос на другите учесници во сообраќајот , според истражувачите од Универзитетот во Невада.

За да биде поедноставно, луѓето со скапи и луксузни автомобили имаат повеќе шанси да бидат кретени од луѓето со скромни возила. Ништо ново нели? Но, овој пат и науката е на наша „скромна“ страна. На крајот, истражувачите теоретизираа дека „пониската можност за толкување на мислите и чувствата на другите, заедно со чувството на право и нарцизмот“, може да доведе до недостаток на емпатија за пешаците меѓу скапите сопственици на автомобили.