Ако жената ја боли главата, тогаш направи го тоа на бразилски начин (виц)

Мажот и жената си легнуваат вечерта во креветот. Мажот ѝ бара а оваа не му дава, му вели:
– Не можам сега, ме боли главата.
На тоа мажот ѝ одговара:
– А сакаш овој пат да го направиме на бразилски начин?
Жената заинтригирана се согласила. Мажот на брзина си свршил работа и се свртел да спие.
Жената нервозно го шибнала со лактот во ребрата и прашала:
– А каде беше бразилското бе?
Мажот:
– О да, заборавив… ЧА, ЧА, ЧА!