Актерка од Тајван изненадува со својот младешки изглед, иако победила на натпревар за убавина пред повеќе од 40 години

Една славна личност од Тајван ги зачуди луѓето од целиот свет со својот неверојатен изглед откако покажа дека му пркоси на времето иако пред повеќе од 40 години била прогласена за мис.

Чен Мејфен, актерка, пејачка и ТВ-презентерка е прогласена за „најатрактивна тетка“ во Тајван и ја носи таа титула скоро три децении иако изгледа како да е во 30-тите години од животот.

Жената чие име значи „прекрасен феникс“ вели дека за нејзиниот младешки изглед е „виновна“ супата и ѓумбирот кој таа го обожава. Чен во 1975 година на 19-годишна возраст, победи на натпревар за убавина откако една пријателка ја пријавила. Таа денес има 63 години кои ниту малку не можат да се препознаат на нејзиното лице и тело.

Иако повеќе не се експонира толку нејзините најнови фотографии на кои се гледа лицето без брчки и атрактивното тело го привлекоа вниманието на јавноста. Сепак Чен вели дека таа не е обожавателка на фитнес и тешко се мотивира да почне да вежба. Затоа неодамна најмила инструктор кој ќе ја „натера“ да вежба барем еднаш или двапати неделно.

Чен моментално нема ниту сопруг ниту момче, откако пред 5 години поминала низ „болен развод“. Таа вели дека би сакала да се заљуби, но тешко ѝ е да најде соодветен партнер за неа бидејќи „мажите сакаат помлади жени“.