Актерката Чен Мејенг е „Најжешката тетка на Тајван“, а има само 63 години

„Најжешката тетка на Тајван“ – ова е титулата што ѝ беше доделена на актерката и ТВ презентер Чен Мејенг. Зошто баш „тетка“, а не баба? Да бидеме реални, жената изгледа малку поблиску од 30 години, отколку до своите 63. Уште еднаш се докажа дека азиските жени ја знаат тајната на вечната младост.

Тешко е да се поверува дека Чен има 63 години. Таа призна дека нејзиниот изглед е резултат на напорно вежбање и посебна диета. Тајната на младоста на Мејенг е прилично едноставна: Супа од ѓумбир за појадок, секој ден часови по јога и оброк од овошјето дуриан за десерт. И, се разбира, фитнес во меѓувреме. Актерката истакна дека после тежок оброк, задолжително мора да одите на прошетка.