Актерката Емилија Мицевска настапи со голо трудничко стомаче на „Глумците пеат“
Емилија Мицевска го освои вниманието на публиката со својот настап на шоуто „Глумците пеат“ во Скопје. На сцената на Македонскиот народен театар, македонската актерка, која наскоро ќе стане мајка, го покажа своето трудничко стомаче. Таа настапи во стилска дводелна црна комбинација со краток топ и сако, изведувајќи ја песната „Летај, галебе“ од Верица Ристевска.
Нејзиниот вереник, Деан Стојковски, ја следеше од публиката и сподели видео со коментар: „Гордост моја ❤️❤️❤️“.

Коментирај анонимно