Актерката Маргот Роби има дури 5 двојнички и сите се изненадени како овие жени можат да бидат толку слични

Многу луѓе веруваат дека секој од нас некаде во светот си има двојник кој чека да биде пронајден. Сепак додека за нас „обичните“ луѓе е потешко да се пронајде двојникот за ѕвездите не е баш така. Штом ќе забележат дека некој изгледа како позната личност автоматски и двојникот станува препознатлив. Но, што ако станува збор за нешто повеќе?

Откако беа објавени фотографии од Маргот Роби, покрај пет други актерки кои изгледаат како неа, започна дискусија за различностите во Холивуд. Колажот од актерките сега вирално се споделува и се гледа дека сите жени имаат многу заеднички карактеристики: руса коса, големи очи, одлични јаболчици и дефинирани вилици.

Додека сликата била споделенат како шега велејќи дека сите 6 актерки се всушност една жена во различни фази од животот таа предизвика дебата за тоа како Холивуд очигледно има „свој тип на убавина“. Неколку луѓе коментирале на објавата и споредувале и други актери.

Една личност ја однесе споредбата на ново ниво и сугерираше дека Руни Мара и Том Хидлстон се иста личност и иако е тешко да се иста, мора да признаеме дека изгледаат барем како да се брат и сестра.

Друг корисник на Твитер сподели колаж од машки актери, меѓу кои и Мет Бомер и тука може да се види дека актерите споделуваат исти атрибути, големи бели насмевки и темна густа коса.

Во случај да се прашувате кои се актерките споредени со Маргот Роби: Џејми Кинг (лево), Фејт Форд (десно), Самара Вивинг, Ема Мекеј и Џејми Пресли (сите во долниот ред).