Актерката Џенифер Гарнер покажува начини како најлесно да им помогнете на бездомниците доколку не сакате да им давате пари

Бездомништвото се зголемува во светот од 2016 година, па наваму, а бројките експлодираа во 2020 година.

Постојат многу причини за зголемувањето на бројот на бездомници, а една од водечките причини е недостатокот на прифатливи цени на станови низ светот. Цените на становите постојано се зголемуваат и, според PBS , само во Америка недостигаат околу 7 милиони единици за згрижување на семејства.

Значи, што може просечниот човек да направи за оваа човечка трагедија што се случува на светските улици? Некои луѓе кои би сакале да помогнат не се чувствуваат удобно да им даваат пари на бездомници, иако експертите од областа велат дека најчесто тоа е во ред.

 

 

Актерката Џенифер Гарнер (49) на „Инстаграм“ сподели одлична идеја за оние кои би сакале да им помогнат на бездомниците, но не се сигурни како да го направат тоа. Актерката објави видео каде пополнува пластични кеси со патент со секојдневни предмети кои им се потребни на бездомниците.

„Случаен чин на љубезност: соберете ги овие основни работи во зиплок торба и чувајте ги во автомобилот за да ги подарите кога ќе видите некој на којшто му требаат“, напиша таа на објавата.

„Пар дебели чорапи. Паста за заби. Марамчиња за раце. Четка за заби“.

За оние кои не се чувствуваат удобно да даваат пари, можат претходно да претплатат за оброк во локален ресторан.

„Едноставната, евтина храна како ѓеврек и крофни не се толку корисни за бездомниците“, вели адвокатка специјализирана за вакви состојби.

„Луѓето кои се бездомници обично можат да си купат такви работи за себе“. Честопати, она што им треба на луѓето кои се соочуваат со бездомништво е топол оброк, рече таа, бидејќи тоа им е потешко да го купат.

Во одредени истражувања се вели дека предметите што најчесто ги бараат бездомниците се чорапи и долна облека. Бездомниците секогаш се движат и им е тешко да пристапат до перални или објекти за хемиско чистење, така што нивните чорапи и долна облека често се валкани или се распаѓаат.

  • Васе напиша:

    Вчера идам во Рамстор во Скопје и пред влез ме дочекаа 4 деца! Бараа донација за напуштените кучиња!
    Им дадов некој денар… По кратко пазарам јас низ маркето и ги гледам децава, си купуваат чипсови!!!
    Светот на младите останува…

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *