Актерот Брајан Кренстон ја објасни причината зошто „малиот“ Ерик Пер Саливан нема да се појави повторно во „Malcolm in the Middle“
Брајан Кренстон објасни зошто Ерик Пер Саливан, познат како Дјуи, нема да се појави во најавеното продолжение на популарната серија Malcolm in the Middle. Новите епизоди ќе се фокусираат на пораснатите ликови и подготовките за 40-годишнината од бракот на Хал (Кренстон) и Лоис (Џејн Казмарек), а се очекува да излезат на Disney+ во 2025 година.
Сите ја почитуваат неговата одлука
Додека Френки Муниз и други членови од оригиналната екипа, како Џастин Берфилд, се враќаат во новите епизоди, Саливан одлучил да остане надвор од вниманието на јавноста. Последен пат глумеше во 2010 година и оттогаш се повлече од актерството, посветувајќи се на студии и личен живот. Кренстон изјави дека разговарал со него и го поканил да се врати, но Саливан одговорил: „О, не, не сакам да го правам тоа. Но, тоа е фантастично!“
Кренстон објасни дека Саливан во моментов студира на Харвард и работи на магистратура, додавајќи: „Тој не глумел уште од кога беше дете и едноставно не е заинтересиран.“
И Џејн Казмарек минатата година изјави дека сè уште се во контакт со Саливан, но дека тој нема интерес за враќање на екран, додавајќи дека го почитува неговиот избор и свесноста дека шоубизнисот не е за секого.
Новите четири епизоди на Malcolm in the Middle ќе бидат достапни на Disney+ подоцна во 2025 година.
Коментирај анонимно