Актерот Џејсон Момоа ја изненади својата сопруга така што го обнови нејзиниот прв автомобил кој го купила на 17 години

Познатиот актер, Џејсон Момоа, дефинитивно има бонус поени кај својата сопруга, актерката Лиза Бонет. Џејсон сакал да ја изненади својата поубава половина и решил да го „воскресне“ првиот автомобил на неговата дама – Форд Мустангот од 1965 година. Сега 52-годишната Бонет го купила автомобилот кога имала 17 години, но со текот на годините, автомобилот се уништил. Меѓутоа бидејќи имал големо значење за неа, таа не можела да се ослободи од автомобилот и го чувала за кога ќе дојде „вистинското време“. Поминаа 14 години и Мустангот сè уште го чекаше моментот. Момоа решил тајно да го однесе автомобилот и да ја изненади Лиза.