Актерот Рајан Рејнолдс и помогна на „најстарата 21-годишна“ жена да го добие својот прв „легален пијалок“

Првиот алкохолен пијалок е како првата љубов, најверојатно ќе се сеќавате на него, но нема да ви биде последен. Сега замислете дека постои личност која чекала 86 драгоцени години, 30.679 дена, за да бидеме прецизни, од својот живот за конечно да го имаат тоа задоволство легално. Како е можно ова се прашувате?

Ние одговараме – Арлен Менко, родена во 1936 година, технички има само 21 година, бидејќи е родена во престапна година. Мајка на 7 деца, Арлен се прогласи за „не ангел“ и затоа беше многу возбудена што ја прифати понудата на Рајан Рејнолдс и да пие алкохол. Во рекламното видео, жената признала дека нема поим која е филмската ѕвезда но тој ја прекина: „Игнорирајте ја, пијана е.“

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.