Активистите за заштита на животни од Струмица со необична фотосесија испраќаат порака, а реакциите се од крајност во крајност

Здружението за заштита на правата на животните „Justice for animals“ од Струмица испрати порака на необичен начин.

Девојка позираше како „животно“ оставено на улица и малтретирано во обид да се поттикне свеста на надлежните за уличните кучиња и нивното преживување во ладните зими.

Реакциите на ваквиот подвиг беа од крајност во крајност. Од една страна голем број активисти го поздравија овој чин, додека други строго го осудија преку негативни коментари на социјалните мрежи.