Активистка се појавува гола на телевизија за да испрати важна порака

Гледачите на утринската емисија „Ова утро“ останаа зачудени по гостувањето на гола активистка во програмата во живо.

Активистката, Лаура Амхерст, од Брајтон, Англија, има прилично невообичаен метод за да привлече внимание кон нејзината кауза. Таа собира пари  за заштита на животната средина соблекувајќи се на социјалната платформа OnlyFans.

 

 

31-годишната студентка на политички науки и мајка на едно дете наводно собрала 1.400 евра откако го отворила својот  OnlyFans профил пред само неколку недели и очекува да заработи 21.000 евра само овој месец. 75% од собраните средства ќе бидат донирани за „Бунтот за истребување“, „Гринпис“, како и други за организација за спасување на животната средина.

Можете да слушате и видете повеќе од Лора подолу:

Зборувајќи со Филип и Холи, седната на софа за која многу загрижени гледачи се надеваа дека прво била покриена со нешто, Лаура објасни дека „во идеален свет“, луѓето ќе ги слушаат нејзините размислувања за климатските промени, без разлика дали е гола или не.

Меѓутоа, со оглед на светот во кој живееме, Лаура смета дека нема друг избор освен да протестира топлес како средство за да привлече внимание,

Лаура се најде на насловните страници ова лето, откако танцуваше топлес додека присуствуваше на протестите, неизбежно предизвикувајќи дебата околу тоа дали таа помага да се сврти вниманието кон каузата или одвлекува внимание.