„Аквамен“ покажа како ги владее брановите на едно од најубавите места на светот
Минатата недела го заврши снимањето на „Aквамен и изгубеното кралство“ на Хаваи, но, Џејсон Момоа максимално го користи своето време во рајот.
Актерот (42) ги покажа вештините за сурфање во неговата родна држава во понеделникот.
Исто како и неговиот суперхеројски лик на големото платно, Џејсон изгледаше „како да владее со водата“ додека уживаше во океанот.
Откако заврши, Џејсон се вратил на суво, носејќи ја својата тешка даска за сурфање со една рака.
Џејсон потекнува од Хаваи и до неодамна го снимаше следното поглавје на „Аквамен“ во идиличната островска држава.
Снимањето за долгоочекуваното продолжение на суперхеројот, исто така, го однесе во Велика Британија минатиот месец.
Тој беше забележан како присуствува на забавата по премиерата на „House Of Gucci“ во Велика Британија.
Момоа помина низ исцрпувачко снимање за претстојниот блокбастер на Џејмс Ван , во кој ќе се видат членовите на актерската екипа Амбер Херд, Патрик Вилсон и Јахја Абдул-Матин II.
Момоа претходно призна дека снимањето на новиот блокбастер било значително физички потешко од првиот пат.
„Стареам, тоа се случува“, се пошегува тој на шоуто на Елен Деџенерис во октомври.
Покрај тоа што глумеше во првиот „Аквамен“, кој заработи преку 1 милијарда долари на кино благајните, Момоа претходно го играше суперхеројот во „Лигата на правдата“ во 2017 година, кој беше повторно издаден во нов четиричасовен филм во март.