„Аквамен“ учествуваше на трка во Битола, сите се надеваа на медал

„Трчај бе“ не е атлетски клуб, како што велат тие . Од 2019 та, спортската организација организира трки во Битола со цел да создадат нова приказна за градот.

„Трчај бе има моќ да го промени животот на битолчани. Трчај бе ќе ве натера да почувствувате што значи да се придвижите и физички и духовно. Блескава промена е да истрчаш една трка и низ целта да поминеш со подигнати раце„- се вели на страната на огранизацијата.

 

 

Оваа година на трката, верувале или не, учествуваше и „Аквамен“. Тој не успеа да земе медал, но Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова истрчаа национални рекорди на Балканското првенство во полумаратон (21 километар), во склоп на уличната трка „Трчај бе“ во Битола.