Аладин од вистинскиот живот измисли „магичен“ летачки тепих

Јутјубер се претвори во Аладин откако го создаде својот сопствен леечки тепих.

На јутуберот не му требаше магичен дух за да му помогне да доживее сосема нов свет, туку, му требаа само неколку инженерски вештини.

Во видео споделено на неговата платформа минатиот месец, Јутјуберот се гледа како „лета“ низ Дубаи на „магичен тепих“.

 

„RhyzOrDie“ го создаде неверојатниот „лебдечки“ тепих со изработка на рамка од ПВЦ цевка околу електронска штица пред да постави тепих врз неа, правејќи ја да изгледа исто толку магично како тепихот на Аладин и Јасмин во филмот на Дизни.

„RhyzOrDie“ ги воодушевуваше минувачите лебдејќи низ улиците на Дубаи на неговата креација, но подоцна ги однесе работите на следното ниво со фиксирање на тепихот на даска за сурфање и „летање“ над морето.