Александар Зверев збесна и за малку ќе го истепаше судијата, па го исфрлија од турнирот

Александар Зверев е дисквалификуван од турнирот во Акапулко. Германецот предизвика скандал по завршувањето на мечот во двојки. Зверев и Марсело Мело испаднаа од Лојд Гласпул и Хари Хелиовара.

Во текот на мечот, Зверев, имал неколку жестоки расправии со судијата, незадоволен од неговите одлуки. По завршувањето на мечот, наместо да се поздрави со судијата, тој сакаше да го тепа.

АТП експресно реши да го санкционира ова скандалозно однесување на третиот светски рекет и го исфрли од турнирот.