Премини на МотикаX

Алкохолот е целосно забранет на Светското првенство 2034, а еве што ќе му се случи на оној кој ќе го прекрши законот

Фудбалските навивачи нема да смеат да консумираат алкохол на Светското првенство 2034, кое ќе се одржи во Саудиска Арабија.

Домаќините нема да направат никакви исклучоци за турнирот, бидејќи во Кралството важи строга забрана за алкохол веќе повеќе од 70 години.

ФИФА во декември потврди дека Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Светското првенство за мажи во 2034 година.

 

Сега, саудискиот амбасадор во Велика Британија, принцот Халид бин Бандар Ал Сауд, за LBC изјави дека нема да се продаваат алкохолни пијалаци на ниту едно место за време на турнирот – вклучувајќи ги хотелите, рестораните и стадионите.

„Во моментов, ние не дозволуваме алкохол“, рече принцот Халид.

„Забавата не мора да вклучува алкохол – не е 100% неопходен, а ако сакате да пиете, можете да го направите тоа кога ќе си заминете. Но, засега, во нашата земја алкохол нема.“

 

Апсолутна забрана, дури и во хотелите

На прашањето дали тоа значи дека навивачите ќе можат да пијат во своите хотели, како што беше случај на Светското првенство во Катар 2022, амбасадорот одговори:

„Не, нема алкохол воопшто. Како и нашето време, ние сме „сувa“ земја. Секој има своја култура. Ние сме подготвени да ги прифатиме луѓето во рамките на нашите културни граници, но не сакаме да ја менуваме нашата култура за некој друг. И, искрено, навистина не можете да живеете без пијалак?“

Фудбалските навивачи кои ќе ги прекршат законите за алкохол би можеле да се соочат со затворски казни, парични глоби, јавно камшикување или депортација.

 

Се надеваа дека ќе има исклучоци – но Саудиска Арабија останува на ставот

Имаше одредени очекувања – или барем надеж – дека ќе има некаква флексибилност, поради искуството од последниот Мундијал.

Катар, исто така муслиманска земја, дозволи продажба на алкохол во одредени фан-зони и хотелски барови за време на Светското првенство 2022.

Сепак, два дена пред почетокот на натпреварите, катарските власти ја повлекоа одлуката за продажба на алкохол на стадионите.

Но, до 2034 година има уште девет години – а до тогаш, којзнае, можеби ќе има промени во плановите.

Како ќе бидат прифатени ЛГБТ+ навивачите?

Покрај строгата забрана за алкохол, Саудиска Арабија има закони што ја криминализираат истополовата љубов, а трансродовите лица не се правно признати.

Сепак, принцот Халид инсистира: „Ќе ги пречекаме сите во Саудиска Арабија. Ова не е саудиски настан, туку светски настан, и во голема мера ќе ги пречекаме сите што сакаат да дојдат.“

  • Жарко Г напиша:

    „Ние сме подготвени да ги прифатиме луѓето во рамките на нашите културни граници, но не сакаме да ја менуваме нашата култура за некој друг. “

    А, дали кон тоа правило се придржувате и кога одите во други држави каде и тие си имаат свои култури и обичаи?!
    Или и таму барате да ви се исполнуваат „вашите“ закони и културни вредности, та барате халал храна, шертијатски закони, жени забарикадирани како нинџи и се’ друго што во модерните и напредни цивилизирани земји се смета за заоставштина од 16-от век.?!
    Вие сте едно невоспитано племе кое не признава и не почитува никаква друга култура или начин на живеење.
    Дури и вашите жени ги третирате како робинки или машини за продукција на деца. Тоа кажува се’ за вас и вашите перверзни закони!!!
    А, ФИФА…таа е приказна сама за себе. Челниците на оваа криминална организација одамна се продадоа на богатите шеици.
    А, фудбалските навивачи?!
    Јас би им предложил МАСОВЕН бојкот и никаква посета на овој шампионат. Па да видат која е силата на ПИВОТО!!!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *