Алжирецот Омар Бин Омран е пронајден жив во визба, 26 години по неговото киднапирање, на само 200 метри од неговата куќа
Омар Бин Омран, од Алжир, исчезнал пред 26 години на 17-годишна возраст додека одел на училиште. Минатата недела беше пронајден жив во визба. Бизарен детаљ: визбата била на само 200 метри од неговиот дом. Омар бил заробен од човек кој живеел сам и работел како „државен службеник“. Тој често бил виден како купува храна за две лица. Сликите покажуваат како локалните безбедносни служби го спасуваат сега 45-годишниот маж од подрумот. Сторителот е уапсен.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно