Американците го користат убавото време, додека државата ги моли да се стрпат уште малку

Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) ги повикуваат Американците да останат дома за да спречат ширење на КОВИД-19 додека не се вакцинираат повеќе луѓе.

Во брифинг со новинарите во понеделникот, директорот на CDC, д-р Рошел Валенски предупреди дека земјата може да забележи нов скок на случаи, бидејќи државите ги олеснуваат ограничувањата и го отстрануваат задолжителното носење маска. „Ве молам за здравјето на нашиот народ“. изјавила таа. Сепак Американците не обрнуваат многу внимание на ваквите предупредувања.