Американците се надминаа самите себе со своите „ковидиотски“ пароли против карантинот во САД

Протестите против затворањето продолжуваат со се поголем интензитет низ САД бидејќи луѓето ги преплавуваат улиците, игнорирајќи ги правилата за социјално дистанцирање.

И покрај тоа што некои држави почнуваат да ги олеснуваат ограничувањата, поголемиот дел од земјата останува под некаква форма на наредба за останување во своите домови, со што демонстрантите бараат Америка да се „отвори“. Сепак своите протести ги „зачиниле“ со сосема нелогични пароли кои немаат разумна смисла.

Слобода пред безбедност

Дај ми слобода или дај ми коронавирус

Не ми ја откажувај сезоната за голф

Мое тело, мој избор

Сакам фризура

Дозволете им на моите родители да одат на работа, ме излудуваат

Социјално дистанцирање=комунизам, Дај ми слобода или дај ми смрт