Американец, Германец и Македонец решаваат ист проблем (виц)

Група научници спроведувале експеримент. Ставиле еден стол со шајка на него свртена на горе и им рекле на испитаниците да седнат на столот.
Научниците почнале да набљудуваат како луѓето од различни националности ќе го решат проблемот.
Американецот бил прв. Извадил митралез и отворил оган. Столот се скршил, а шајката паднала на подот. Потоа објаснил:
– Ние, Американците, следиме стриктно правило. Кога имаме проблем – го решаваме со воена сила!
Германецот бил втор. Викнал друг човек, му платил и тој ја извадил шајката. Потоа Германецот си седнал на столот и објаснил:
– Ние, Германците, следиме стриктно правило. Кога имаме проблем, ангажираме гастарбајтер да го реши!
Дошол ред на Македонецот. Но, пред да почне, имало мал пропуст. Научниците заборавиле да стават шајка на столот. Нашиот човек вади од џебот шајка, го врти столот, ја кове шајката, за да биде на средина и тој што ќе седне да се набоде. Потоа, со сета сила седнува на столот!
Научниците остануваат без збор:
– Господине, зошто го направивте тоа?! Дали сте случајно мазохист?
Македонецот објаснува:
– Не, воопшто не сум мазохист! Напротив, ужасно ме боли задникот! Но, ние Македонците се држиме до нашето стриктно правило. Кога немаме никаков проблем – правиме сè што е можно за сами да си го создадеме!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *