Американец, Македонец и Буда одат во Пеколот (виц)
Американец, Буда и Македонец одат во пеколот!
Ѓаволот им вели:
– Ви давам шанса да одите во рајот – ќе ве удрам 3 пати со мојот чекан, имате право да се браните со што сакате – ако можете да ги издржите сите три удари без да вреснете, ќе одите во рајот, ако не – ќе останете во пеколот!
Американецот е прв. Избира да се брани со штит, но вреснува од првиот удар на Ѓаволот и останува во пеколот.
Следен е Буда. Тој решава да се брани со медитација. Првиот удар со чеканот – Буда не се помрднува, вториот удар со чеканот – Буда повторно не се помрднува, третиот удар со чеканот и ништо, сè е во ред со Буда.
Ѓаволот му вели:
– Ајде Буда, слободен си да одиш во рајот.
– Ќе почекам уште малку да видам како ќе се брани Македонецот, бидејќи во сите вицови тој победува.
Ѓаволот го прашува Македонецот:
– Па, Македонче, што ќе користиш ти за да се одбраниш од моите удари со чеканот?
Македонецот со насмевка одговара:
– Ха, ха, ха, како со што бе? Па со Буда!

Коментирај анонимно