Американската морнарица детектира мистериозни подводни објекти кои се движат со „неверојатна брзина“

Неодамна, светот се повеќе разговара за мистеријата на неидентификуваните летечки објекти (НЛО), но јавноста ретко обрнува внимание на она што се случува длабоко под вода. Очевидци од американската морнарица известуваат за видени необични подводни возила способни да се движат со неверојатни брзини, па дури и да стигнат до површината на водата.

 

Републиканскиот конгресмен Тим Бурчет во интервју во средата изјави дека еден адмирал — чие име не го откри — му кажал за неидентификуван објект кој се движел со неверојатна брзина под вода.

„Ми велат дека нешто се движи со стотици километри на час под вода… и дека е големо како фудбалско игралиште,” изјави конгресменот од Тенеси.

„Ова е документиран случај и адмирал ми кажува вакви работи“, додаде Бурчет.

Бурчет, кој е познат по своите тврдења дека американската влада крие информации за постоење на НЛО и други вонземски активности, изјави дека сé е можно со оглед на „огромноста на големата Божја вселена“.

Сепак, тој ги повика Американците да не се грижат за извонредните способности на наводните вонземјани.

„Не се грижам дека ќе ни наштетат,“ рече тој. „Со тие способности, ќе неа згмечеа одамна“.

 

Сé уште нема докази за постоење на интелигентен живот надвор од Земјата. Меѓутоа, Конгресот сé посериозно ги разгледува извештаите за мистериозни летачки објекти, прифаќајќи ја некогаш потсмеаната тема за НЛО — сега позната како Неидентификувани Аномални Феномени (НАФ) — како сериозно прашање.

Во март 2024 година, Пентагон објави извештај во кој се наведува дека нема докази за НЛО, истакнувајќи дека многу од сомнителните набљудувања всушност биле обични метеоролошки балони, шпионски авиони, сателити и други нормални активности.

Пентагон ги отфрли тврдењата изнесени на сослушување во Конгресот во 2023 година од поранешен разузнавач на Военото воздухопловство, кој изјави дека американската влада низ децениите собрала урнати неидентификувани летала и дури и не-човечки “биолошки останки”.

Во ноември, канцеларијата на Пентагон задолжена за истражување на пријавените НАФ доби 21 извештај минатата година кои содржат доволно податоци за да продолжи истрагата на разузнавачките служби.

НАФ опфаќа широк спектар на чудни објекти или податоци забележани во воздухот, на копно или во морето. Најпознатите случаи на НАФ биле пријавени од воени пилоти, кои обично опишуваат кружни или цилиндрични објекти што се движат со неверојатни брзини без видливи средства за погон. Некои од објектите биле снимени и на видео.

Воените власти во последните години презедоа мерки за да им помогнат на пилотите да пријавуваат НАФ, а канцеларијата на Пентагон задолжена за анализирање на овие средби прими стотици извештаи во изминатите години.

Иако многу извештаи за НАФ имаат објаснувања со нормално потекло, мал дел од нив остануваат необјаснети. Темата доби ново внимание од страна на законодавците во последните години, со зголемена загриженост за националната безбедност поради неидентификувани објекти што летаат во американскиот воздушен простор.

  • Васе напиша:

    Ако ја гледате 3 епизода од 2 сезона (2025), од серијата „TMZ Presents: UFO Revolution“ презентирана од најпознатиот НЛО новинар во светот Џереми Корбел (ги објави видеата Гимбл, ТикТак…), ќе дознаете дека адмиралот се вика Тимоти Галодет, кој во организација на Џереми , сведочеше пред Конгресот на САД како заштитен сведок, заедно со Лу Елизондо, Мајкл Шеленбергер, Мајкл Голд! П.С. Може да се најде и на ЈуТуб.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *