„Американската влада има тајна „величествена работна група“ – знае за секоја средба со вонземјани“

Американската влада има тајна „величествена работна група“, тврди адвокатот Дени Шихан, познат по неговата поддршка за истражувања на НЛО. Во последните години, Шихан соработува со информатори за НЛО, носејќи ги пред Конгресот на САД.

 

Тој помага во откривањето на докази за наводни владини прикривања на средби со вонземјани. Во серија шокантни изјави, Шихан тврди дека постојат тајни бази на вонземјани, каде што биле забележани стотици НЛО како „влегуваат и излегуваат“, и дека вонземјаните наводно крадат човечки јајце клетки и сперма. Сега, изнел нова тврдња.

Шихан тврди дека овој проект датира од времето на претседателот Хари Труман (1945-1953). За време на говор на Универзитетот Јејл, во организација на Институтот за Нов Парадигма, тој објасни: „Знаеме дека длабоко во државната безбедносна структура била формирана група. Групата е основана во јули 1945 година и се нарекува „Мајестик“, („Величествена“) со 12 члена. Функционира надвор од уставната рамка на САД… и е независна од надзор на Конгресот“.

Шихан тврди дека приватни аерокосмички компании го анализираат урнатиот НЛО и дека се обидуваат да ја реплицираат технологијата за да направат оружје, наместо да ја искористат за алтернативни извори на енергија, бидејќи тоа би го нарушило пазарот на индустриите. „Оваа Величествена работна група продолжува да го прикрива сето ова“, изјави Шихан.

Иако тој тврди дека групата е вистинска, групата „Величествена 12“ првпат се појави во наводно фалсификувани документи кои беа објавени во 1987 година од британскиот истражувач на НЛО, Тимоти Гуд, и често е тема на теории на заговор.

Сепак, постојат декласифицирани документи преку барања за информации од американската влада, објавени на веб-страницата на библиотеката на Реган, од луѓе кои бараат доказ за постоењето на „Величествена 12“. Во еден случај, едно лице испратило НЛО билтен и побарало потврда за информациите.

Одговорот од тогашниот заменик-советник на претседателот, Џеј Стивенс, гласел: „Како што објаснив во моето писмо од 23 ноември 1987, Белата куќа, чија ‘единствена функција е да го советува и поддржува претседателот’, не е предмет на Законот за слобода на информации. Затоа, со почит, одбиваме да се согласиме со вашето барање. Покрај тоа, Белата куќа не е во позиција да ‘потврдува’ документи за кои се тврди дека се владини записи“.

Стивенс објаснува дека документите од претходните администрации се чуваат во приватни библиотеки или во Националната архива. Според тоа, иако нема директно негирање, се упатува на други институции за да се продолжи истрагата.

  • Васе напиша:

    „Gde ima dima – ima i vatre“ – стара босанска поговорка!
    Издавање тајни има само у САД! Замислете пресликана ситуација тука во Македонија… Работел у УДБА 1975-85 и сега излегува со информации како „свиркач“, шо се се дешавало тогаш и таму некаде далеку на Балканот…

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *