Американски цариник пронајде нелагални супстанци скриени на многу креативно место

Без разлика дали станува збор за транспортни контејнери или некој што „рачно“ се обидува да пренесе дрога преку граница, наркотиците честопати се „маскираат“ во прехранбени производи, без разлика дали се работи за кокаин скриен во сендвич или екстази помешани со овес.

Офицерите со седиште во центарот за експресна пратка во Мемфис, Тенеси, САД, неодамна наидоа на сомнителна пратка на пат од Мексико кон источен Тексас.

Како што се вели во соопштението од надлежните, со скенирање се откриени „сомнителни аномалии во пратката“, што ги натера полицајците да ја отворат и да најдат стотици кикирики, меѓу другите „материјали за подготовка на храна“.

Откако ги отвориле лушпите, внатре била пронајдена „супстанца од бел кристал“, која подоцна била тестирана и потврдена како метамфетамин.

„Моите искусни офицери не се изненадени од методите на криумчарење со кои се соочуваат секоја смена“, рече директорот на ценарот, Мајкл Неиперт.

Вкупно беа откриени 489 грама метамфетамин кои по запленувањето се очекува да се уништат.

„Ако просечна доза на метам е 0,2 грама и трае шест-осум часа, моите службеници спречија 2445 дози и околу 15 000 часа опасно користење на дрогата што доведува до несовесно однесување, предозирање и опасност за оние околу корисникот“, Објасни Неиперт.