Американски полицаец со тетоважа „Русија“ на раката за која има доста добра причина
Во американските медиуми се крена галама околу полицаецот Мајкл Еску, кој нема руско потекло, а има тетоважа Русија на раката. Работата отиде до таму што многумина се посомневаа дека е руски агент, а всушнот ова е приказната позади тетоважата.
Мајкл Еску е обичен млад Американец кој многу се заљубил и се оженил со девојка по име Анастасија Мелникова, која е од Хабаровск, Русија. Мајкл многу ја сакал својата сопруга и заради неа го научил рускиот јазик, а исто така си направил и тетоважа со зборовите „Русија“ и „Хабаровск“.