Американски турист „шокиран“ од австралиската традиција на пиење: „Ова не е само обична забава…“

Еден турист останал запрепастен од културата на пиење во Австралија откако неговото патување во Сиднеј се совпадна со „Марди Грас“.

„Марди Грас“ или „Дебел Вторник“ е тридневен карневал кој се одржува во различни градови во земјата и се состои од јадење многу мрсна храна, многу алкохол и маскирање, пред луѓето да ги започнат таканаречените пролетни пости.

Американскиот патник Крис Џоу (35) отиде на „TikTok“ оваа недела откако неговото кратко излегување за да го доживее настанот се претвори во забава долга цел викенд и праша: „Кога луѓето овде спијат?“

Вели дека сѐ тоа започнало со „забава за почеток“ која трае од сабајлето и потоа станува денска забава која трае од 2 попладне до 10 вечер. Потоа следува главната забава од 10 вечер сѐ до 5 часот наутро и секако после ова следува „афтерот“. Откако ќе заврши афтерот, никој не сака да си оди дома. Сите заедно одат на доручек…

Тој додаде дека она што би се сметало за прилично голема забава во другите држави е само мал дел од она што го доживеал во Австралија.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *