Американскиот тркач на 100 метри со пречки, Фреди Критенден, ја загуби трката „намерно“ и буквално џогираше, но имаше добра причина за тоа

По бизарната одлука на атлетичарот на тимот на САД, Фреди Критенден, „намерно“ да заостане на патеката на која трчаше, љубителите на спортот ги нарекоа овие Олимписки игри, најконтроверзни досега.

 

 

 

30-годишникот призна дека „не се брзал“ кога станува збор за освојување на место во полуфиналето на 110 метри со пречки за мажи, наместо да вложи се во текот на првата трка на 4 август. Гледачите останаа запрепастени додека го гледаа како завршува зад неговите меѓународници и останати тркачи затоа што буквално џогираше, на крајот здобивајќи се со  време од 18,27 секунди и остана последен.

Луис Франсоа Менди од Сенгал победи со време од 13,31 секунди, па можете да видите колку лежерниот пристап на Критенден го чинеше на патеката. Иако беше последен над линијата, Критенден има можност да го поправи тоа во вторник, 6-ти август благодарение на воведувањето на новите правила за спринтери и пречки кои се вклучени во поединечните натпреварувања од 200 метри до 1500 метри.

Репешажните рунди, што лабаво се преведуваат и како „втора шанса“ од француски, им даваат на спортистите можност кои биле исфрлени од натпреварувањето во раните фази уште еднаш да одат по злато. Игрите во Париз се првите Олимписки игри на кои има репешажни рунди, бидејќи овој потег доаѓа откако Светската атлетика (WA) – која е раководно тело на спортот – ги воведе овие во некои настани во 2022 година.

 

 

Претседателот на WA, Себастијан Коу, при објавувањето на веста рече: „Репешажните рунди ќе му дадат поголема изложеност на нашиот спорт за време на врвниот олимписки период и ќе бидат внимателно планирани за да се осигура дека секој настан од нашата олимписка програма ќе го задржи својот дел од центарот на вниманието“.

Бидејќи Критенден беше добро свесен дека ќе има уште една трка во вторник, тој одлучи да игра стратешки. По неговиот испад, тој им кажа на новинарите дека џогирал намерно за да го заштити своето тело поради болен мускул на ногата.

Зборувајќи за NBC, ѕвездата објасни: „Тоа беше намерен избор. Сите поминуваат до репешаж… Затоа решив само, да не правам емотивен избор, да направам паметен избор, да му дадам време на моето тело да се опорави малку од влошувањето, да се потпрам на моите лекари, да се потпрам на Бога“.

Во суштина, ако дадеше се од себе денес и не влезеше во првите три, тој сепак ќе се натпреваруваше во рундите на репешаж – но дополнително ќе го оптовареше своето тело, наместо да ја спаси својата издржливост за оваа претстојна недела. Покрај ова, Критенден ќе ризикуваше дополнително да ја влоши својата повреда.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *