Американските доктори советуваат да почнат да се лепат предупредувања за рак на алкохолните пијалоци, како оние на цигарите
Доктор Вивек Марти ја потенцираше врската меѓу умереното пиење и зголемениот ризик од рак, барајќи воведување на предупредувачки етикети на алкохолните пијалаци, слични на оние за тутунските производи.
Алкохолот е трет најчест спречлив фактор за рак во САД, веднаш зад тутунот и дебелината. Околу 100.000 случаи на рак и 20.000 смртни случаи годишно се поврзани со консумирање алкохол, меѓу кои најчесто се забележуваат рак на дојка, црн дроб, дебело црево, уста, грло и хранопровод. Иако повеќето луѓе го поврзуваат алкохолот со заболувања на црниот дроб, ризикот од рак често е непознат за јавноста.
Научниците утврдиле четири главни начини на кои алкохолот го зголемува ризикот од рак: создавање ацеталдехид, кој предизвикува оштетување на ДНК; генерирање нестабилни молекули што ги оштетуваат клетките; влијание врз нивото на хормонот естроген; и делување како растворувач што олеснува апсорпција на други канцерогени материи.
Иако истражувањата покажуваат дека помало консумирање на алкохол е подобро за здравјето, дури и умереното пиење може да го зголеми ризикот од рак. Здравствените експерти препорачуваат намалување на консумацијата или целосно откажување, нагласувајќи дека ограничувањето на алкохолот придонесува за подобро здравје.
Коментирај анонимно