Аналитичар ги објави своите најнови предвидувања за претседателските избори во САД. Што мислите за неговата проценка?
Познатиот аналитичар, Нејт Силвер, процени дека поранешниот претседател Доналд Трамп има 51,5 проценти шанси за победа во електорскиот колеџ, додека потпретседателката Камала Харис има 48,1 процент шанси за победа.
Силвер,ја пренесе својата прогноза на неговиот Substack блог, наречен „The Silver Bulletin“.
„Најмалку, ова покажува дека ќе има доволно бројки од квалитетни анкети што ја поддржуваат победата на Харис – заедно со скоро исто толку што навестуваат победа на Трамп,“ објасни тој. „Ако Трамп имаше ‘моментум’ во октомври, сега тој моментум е изгубен во ноември. Во вторникот, многу е веројатно дека изборите ќе бидат вистинска неизвесност, без навестувања дека наклонот е кон Трамп.“
До неодамна, околу 60 проценти од обложувачите на платформи како Калши, Полимаркет и Придиктит, беа уверени дека Трамп ќе победи. Сега, шансите на Трамп се само околу 54 проценти на сите три платформи, додека на Придиктит Харис е фаворитка со 56 проценти наспроти 48 проценти за Трамп.
Последната национална анкета на DailyMail.com/J.L. Partners пред изборниот ден покажа дека Трамп ја престигнува Харис за три проценти на национално ниво. Анкетата со 1,000 веројатни гласачи, со маргина на грешка од +/- 3,1 процент, покажува дека Трамп е во пораст, со поддршка од 49 проценти наспроти 46 проценти за Харис.
Во своите коментари, Силвер наведе како „Трамп има мала предност, иако Харис е малку пред него во јавно достапните анкети со помалку од еден процент. Анкетите на New York Times за критични држави се добри за Харис, но не одлични. Анкетите на Morning Consult за критични држави се добри за Трамп, но не одлични,“ напиша Силвер на X во неделата. „Тоа е чиста неизвесност.“
Силвер се повикуваше на финалната анкета на New York Times, која покажува дека Трамп заостанува зад Харис во четири клучни свинг-држави: Џорџија, Невада, Северна Каролина и Висконсин. Таа анкета покажува дека Трамп води во Аризона, додека двајцата се изедначени во Мичиген и Пенсилванија.
Резултатите од Morning Consult, пак, беа малку поповолни за Трамп. Тој води пред Харис за два поени во Џорџија и Северна Каролина, а три држави се во тесен дуел: Аризона, Пенсилванија и Висконсин.
Коментирај анонимно