Англичанец се обиде да постави светски рекорд што секој просечен Македонец може да го сруши без голем напор

Еден човек од Кембриџшир, Англија се надева дека поставил нов светски рекорд за најмногу посетени барови во 24 часа.

Мет Елис од Сент Неотс, Кембриџшир, би можел да биде првиот човек кој го постави Гинисовиот рекорд за најмногу посетени барови во 24-часовен период.

На Елис му биле потребни 8 часа, 32 минути и 37 секунди за неговата авантура, поминувајќи растојание од околу 15 километри.

Според правилата на Гинисовата книга на рекорди, Елис морал да посети минимум 50 барови за 24-часовен период и да испие по 125 мл пијалок во секој од нив за да има шанса да стане нов светски рекордер.

Елис, кој главно се држел до безалкохолни пијалоци за време на неговиот обид да постави нов светски рекорд, рече дека тоа е „веројатно најтешкото нешто што го направил во животот“, бидејќи имало „толку многу пијалоци што можел да ги испие“.

Со надеж дека ќе ја подигне свеста за тешкотиите со кои се соочија угостителските локали за време на пандемијата со Ковид-19, Елис успеа да посети вкупно 51 бар.

„Баровите во последните 18 месеци беа во голема загуба. Јас сум голем обожавател на барови и придонесот што го даваат за нашето општество“.

Не постои тековен рекорд за посета на најмногу барови во 24 часа, па ако се признае подвигот на Елис, тој официјално ќе стане Гинисов рекордер.

Групен светскиот рекорд за најмногу посетени барови за 24 часа беше поставен во 2011 година кога тим од 13 луѓе посетија до 250 пабови во Њујорк.