Англичаните изгласаа личност која би требала да биде на чело доколку нѐ нападнат вонземјани
Бидејќи нема поголеми проблеми во светот Англичаните се занимаваат со ова: Избор на личност која би застанала на чело на светот во случај вонземјани да ја нападнат Земјата.

Значи во случај на инвазија луѓето од Англија веруваат дека на чело треба да е Арнолд Шварценегер. Актерот и политичар има искуство во јавното лидерство и е ставен под голем притисок: Тој беше гувернер на Калифорнија; тој го спаси Џон Конор од Т-1000; и тој дури се соочи со вонземјанин во Предатор (најверојатно барале некој со претходно работно искуство).

Доколку се соочиме со суштества од некој од петти вид ќе ни треба некој да го управува „бродот“ додека комуницираме, преговараме или се бориме со вонземјаните. Според неодамнешното гласање, Шварценегер ќе биде ставен на чело. Шварценегер јавно им се заблагодари на луѓето и напиша на Твитер: „Сакам да им се заблагодарам на луѓето што имаат верба во мене. Подготвен сум да служам.“

Во пресрет на „Неделата на НЛО“ јавноста во Велика Британија беше запрашана „кој најдобро би се справил со инвазија на вонземјани“. Ѕвездата од Терминатор се нашла на прво место во анкетата.

Според Deadline, портпаролот на BLAZE рекол: „Арнолд Шварценегер е силен избор за справување со инвазија на вонземјани, имајќи предвид дека тој не само што е херој на екранот, туку беше и гувернер на Калифорнија. Иако е загрижувачки да се види дека толку многу познати личности со измислено вонземјанско искуство многумина ги сметаат за подобри кандидати од нашите сегашни светски лидери.“
