Анкета на улица во САД (виц)

Гледам ТВ анкета во живо на една телевизија во САД. Новинарот прашува случајни минувачи:
– Што ќе направите ако дознаете дека еден од вашите пријатели е хомо сапиенс?
9 од 10 одговорија приближно вака:
– Немам такви пријатели.
– Ќе престанам да комуницирам со него.
– Јас ќе му забранувам на моето семејство да комуницира со него, итн.
Само еден на крај рече дека хомо сапиенс – тоа е разумен човек, раскажа за еволуцијата на човекот (неандерталците, кромањонците итн.). Тогаш водителот го праша:
– Браво господине, вие сте единствениот што одговоривте точно. Каде работите? Да не сте некој палеонтолог?
– Не, не работам во Мекдоналдс. Може ли да кажам уште нешто?
– Може слободно.
– Поздрав до сите Македонци каде и да се и до моите ценети професори на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.