Анкета покажува дека скоро половина од американците го сакаат Двејн Џонсон „Карпата“ за претседател
Најмалку 46% од американците би го поддржале Двејн Џонсон „Карпата“ доколку се кандидира за претседател, покажува анкетата објавена од „Пиплсеј“ во Вторникот на 6 Април.
Ова доаѓа откако 48-годишниот актер и пензиониран борач, изјави дека можеби би се кандидирал „ако тоа е она што луѓето го сакаат“. Сега се чини дека тие навистина го сакаат тоа.
Џонсон во интервју изјави:
„Јас би размислувал да се кандидирам во иднина, ако тоа е она што го сака народот. Навистина го мислам тоа.“
Оваа анкета, спроведена преку интернет на 30.138 возрасни во САД помеѓу 2 Април и 4 Април, покажа дека 63% од Американците веруваат дека холивудските ѕвезди навистина можат да бидат добри политичари ако имаат „правилен став и помошен персонал“.

Генерално, беше откриено дека 81% од учесниците веруваа дека мислењата и одобрувањата на славните можат да влијаат на јавното мислење.
Анкетата покажа дека 29% од испитаниците ќе ги поддржат кампањите на Џонсон за претседател и актерот Метју Меконахи за гувернер на Тексас, а дополнителни 17% изразуваат поддршка само за трката на Џонсон.
Џонсон не беше единствениот избор за иден претседател. Вил Смит исто така беше популарен на листата, а Опра Винфри и Анџелина Џоли беа најдобри женски избранички во оваа категорија.
