Анонимен патник платил 28 милиони долари за да оди во вселената, но наместо него ќе оди ова момче

Познато е дека основачот на Амазон, Џеф Беjзос ќе патува во вселената. Но, кој ќе му прави друштво?

Овој 18-годишник ќе му се придружи на Џеф Безос на неговото прво патување во вселената што го организира неговата компанија на 20 јули и со тоа ќе стане најмладата личност во вселената.

Оливер Даемен ќе патува на местото на анонимниот победник на аукцијата, кој плати 28 милиони долари за местото. Победникот на аукцијата не можеше да патува „поради преполн распоред“, објави компанијата на Безос, Blue Origin.

Тинејџерот е син на Џоес Даемен, извршен директор на Сомерсет Капитал Партнерс. Даемен обезбеди место на вториот лет, но беше префрлен на првиот лет откако победникот на аукцијата се повлече, објави Блу Ориџн. Тогаш Даемен одлучи наместо него да патува неговиот син, кој е студент по физика.

Со него ќе патува и осумдесет и двегодишната Воли Фанк, која ќе стане најстарата личност во вселената. Други патници на ракетата се Џеф Безос и неговиот брат Марк.

Blue Origin не откри колку Даемен платил за билетот.

Компанијата планира да ги лансира своите патници на повеќе од 100 км над површината на Земјата и да им овозможи да доживеат микрогравитација. Капсулата потоа ќе се врати на Земјата со помош на падобран, а патувањето треба да трае околу десет минути.