Антички Скитски „Амазонки“ се откриени во Русија закопани до своето оружје

Група на антички жени воини закопана пред 2.000 години, заедно со десетици оружја, е откриена на руските гробишта познати како Девица V, покажуваат како живееле, умреле и како скитските жени се славеле во задгробниот живот.

Археолозите со рускиот институт за археологија РАС го проучуваат овој локалитет од 2010 година, постепено работејќи кон ископ на 19 масивни археолошки споменици кои низ годините полека се орале во земјоделски цели.

Погребани под могилата имало четири жени со различна возраст: млада девојка на возраст од 12 или 13 години, жена во нејзините 20-тина години, друга на возраст меѓу 25 и 35 години и жена 45-50 години. Влезот на гробницата бил запечатен, што ги доведе археолозите да веруваат дека сите четири лица беа погребани во исто време.

Два недопрени скелети биле поставени да почиваат на дрвениот кревет покриен со трева, од кои едната млада жена била ставена во „позиција на коњаник“, за која било потребно да се сечат тетивите на нозете за да се позиционира. Под нејзиното лево рамо се наоѓало бронзено огледало и две копја. На нејзината лева страна имало нараквица направена од стаклени мониста.

Во близина, една средовечна жена помеѓу 45 и 50 години – „почитувана возраст“, со оглед на просекот на траење на животот, меѓу 30 и 35 години – беше погребана во церемонијален украс за глава наречен калатос. Накитот бил изработен претежно од злато со траги од бакар, сребро и железо, чијшто раб бил украсен со приврзоци во облик на амфори.

Специјален железен нож завиткан во траенина бил поставен до жената сугерирајќи дека таа е Амазонка – скитски жени-воини кои јавале покрај номадскиот коњски народ на Иран и Источна Европа. Исто така во гробницата имало 30 стрели, железна кука направена во форма на птица, ножеви, грнчарија и коски од животинско потекло.