Античка маска откриена на дното на мексиканска пирамида – сите корисници на „Редит“ го кажуваат истото: „Да не ја носел Џим Кери?“

На дното на Пирамидата на Сонцето во Сан Хуан Теотиуакан, една од највпечатливите знаменитости на Мексико, била откриена зелена маска стара 2000 години, која неодамна стана тема на разговор на „Reddit“.

 

 

 

Археолозите проценуваат дека древната пирамида била изградена околу 100 година од нашата ера, додека ископувањето во 2011 година овозможи значајни откритија. За пристап до пирамидата, истражувачите од Националниот институт за антропологија на Мексико користеле тунел направен од археолози во 1930-тите.

 

 

 

Во ископувањето, покрај зелената маска, биле пронајдени фрагменти од глинени садови, коски од животни и три фигурини од серпентина. Археолозите веруваат дека овие предмети биле церемонијални дарови од градителите на Пирамидата на Сонцето, пред нејзината изградба околу 50 година од нашата ера. Меѓу останатите наоди, биле откриени и черепи од мачка, куче и орел, покриени со вулкански камен. Зелената маска од серпентина, толку прецизно изработена, ги навела истражувачите да претпостават дека можеби станува збор за портрет.

 

 

Сепак, реакциите на интернет се фокусираа на сличноста на маската со онаа од познатиот филм „The Mask“ од 1994 година. Филмот „The Mask“, во кој главната улога ја толкува Џим Кери, ја раскажува приказната за обичен банкар кој станува суперјунак кога ќе ја стави магичната зелена маска. Филмот заработил над 350 милиони долари на светските кино-благајни и ја добил наградата за најдобра комична изведба на „MTV Movie & TV Awards“ во 1995 година.

Пирамидата на Сонцето, која се наоѓа во античкиот град Теотиуакан, е третата најголема пирамида во светот и најголемата градба во комплексот во срцето на овој древен град. Во времето на својот процут, Теотиуакан бил густо населен град со околу 200.000 жители, иако денес многу малку се знае за нивната цивилизација.

  • kire напиша:

    A shto znae deneska taa GLUPA mladina…samo k,chove…

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *