Антониј од Прилеп и Марко од Скопје со успех во светот на вештачката интелигенција – нивното истражување прифатено на една од најпрестижните AI конференции

Со огромна гордост и задоволство, Македонија денес слави уште еден врвен успех во светот на науката – трудот „Key and Value Weights Are Probably All You Need: On the Necessity of the Query, Key, Value weight Triplet in Self-Attention Transformers“ на Антониј Мијоски од Прилеп и Марко Карбевски од Скопје е прифатен на ICLR 2026 (DeLTa) – работилница во склоп на една од најпрестижните конференции за вештачка интелигенција во светот. Двајцата млади македонски истражувачи сами, со сопствено финансирање и чист ентузијазам, ја реализираа нивната иновативна научна работа која ја разгледува иднината на AI технологијата.

Антониј од Прилеп и Марко од Скопје со успех во светот на вештачката интелигенција – нивното истражување прифатено на една од најпрестижните AI конференции

Истражување што ги менува основите на модерната вештачка интелигенција: Нови подобрувања за трансформер моделите како ChatGPT и Gemini

Трудот што ќе биде презентиран на DeLTa работилницата во склоп на ICLR 2026 длабоко се фокусира на најсовремената архитектура во вештачката интелигенција – Transformer моделите. Оваа технологија стои во срцето на алатки како ChatGPT, Gemini и Claude. Во своето истражување, Мијоски и Карбевски детално го анализираат механизмот наречен „self-attention“ и предложуваат револуционерни подобрувања во начинот на кој функционираат тежините Query, Key и Value, кои се суштинска компонента на трансформер моделите.

Истражување што ги менува основите на модерната вештачка интелигенција: Нови подобрувања за трансформер моделите како ChatGPT и Gemini

Вистински подвиг без поддршка: Македонскиот тим самостојно и со лично финансирање постигна резултати што ја поставуваат Македонија на научната мапа на светот

Она што нивниот успех го прави посебно вреден е фактот што целиот труд е плод на сопствен труд, знаење и финансии. „Сите резултати во трудот ги постигнавме сами, сопственото време го вложувавме од чист ентузијазам, без зад нас да стои истражувачки центар или институт, со сопствено финансирање на експериментите, што знаеја да траат со месеци“, истакнуваат истражувачите. Ова е прво истражување од овој калибар зад кое стои целосно македонски тим и е прифатено на конференција од овој ранг во областа на вештачката интелигенција.

Следниот чекор: Македонска вештачка интелигенција што ќе најде примена во индустријата

Главната цел на Мијоски и Карбевски е развој на модели кои ќе бидат употребливи во реалната индустрија. Признанието од ICLR и учеството на DeLTa работилницата е само првиот од серијата чекори кон остварување на оваа амбиција. Македонската наука добива нова шанса да влијае врз светот, благодарение на трудот, знаењето и истрајноста на овие двајца истражувачи. „Нашата конечна цел е еден од моделите кои ги развиваме да влезе во индустриска примена, па учеството на работилницата е само еден чекор кон таа цел“, потенцираат тие.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *