Анџелина Џоли драстично го промени својот изглед и фрузира – некои од фановите се разочарани: „Изгледа остарено, самата си додала години!“
На премиерата на новиот филм „Марија“ на „AFI Fest“ во Лос Анџелес, Анџелина Џоли ги изненади фановите со драматично променет изглед. Позната по својата карактеристична кафена коса, Џоли сега ја покажа во нов стил – богат волумен и кадрици во нијанси од темно кафеано кон посветли тонови. Овој стил некои ги потсети на гламурот на осумдесеттите години.
Филмот „Марија“, во режија на Пабло Лараин, ја прикажува Џоли во улога на легендарната оперска пејачка Марија Калас во нејзините последни години во Париз во 1970-тите. За настанот, Џоли одбра сјајна златна тоалета која блескаше под елегантната црна наметка со широки ракави, комплетирајќи го изгледот со црвен кармин и бисерни обетки – стил достоен за самата Калас.
Фановите беа воодушевени од промената и изразија позитивни коментари: „Нејзината коса изгледа прекрасно! Многу наликува на 80-тите“, додека други истакнаа дека новиот изглед ѝ дава нежност и убавина. Сепак, мислењата беа поделени – дел од фановите сметаат дека овој стил ѝ додава години и ѝ препорачаа да проба со шишки, коментирајќи дека кадравата коса и светлоцрвените усни визуелно ја „остаруваат“.
Коментирај анонимно