Апел за помош за малиот Никодим – да му помогнеме во неговата најтешка битка!
Драги хумани луѓе,
Ве повикуваме да се обединиме и да му помогнеме на малиот Никодим – дете кое уште на самиот почеток од животот се соочува со огромна борба.

Никодим има само 4 години и веќе помина низ исклучително тежок медицински пат. Пред една година му беше дијагностициран тумор на мозокот со хидроцефалус, по што итно беше извршена операција и му беше поставен шант. По таа голема битка, сите се надеваа на подобрување и мирно детство.
За жал, болеста повторно се врати – овој пат во поагресивна форма и со поголеми димензии. Никодим моментално се наоѓа во сериозна состојба и му е неопходна итна операција, по што ќе следи долг и тежок процес на лекување со хемотерапии и радиотерапии.

Досега има поминато 12 циклуси хемотерапија – три месеци исполнети со неизвесност, болка, но и огромна храброст. Иако е толку мал, Никодим се бори секој ден со сила која инспирира.
Семејството не е во можност самостојно да ги покрие високите трошоци за лекување, кои постојано растат. Времето е клучно, а секое одложување може сериозно да влијае врз исходот од лекувањето.
Затоа е потребна поддршка од сите нас.

Секоја донација, без разлика на износот, значи чекор поблиску до спас на еден детски живот. Секое споделување помага оваа приказна да стигне до повеќе луѓе и да се зголемат шансите за успешен третман.
Да се обединиме и да му дадеме на Никодим шанса за живот – шанса да расте, да се смее и да има детство какво што заслужува секое дете.
Ова е ЛИНКОТ за донации – доколку сте во можност, кликнете и донирајте. Секоја помош значи многу
Ви благодариме од срце за секоја поддршка. 💙

Коментирај анонимно