Априлили (виц)

Мајката се враќа од работа, на вратата ја пречекува синот и ѝ вели:
– Мамо, мамо, во спалната има непознат чичко и има се*с со комшивката Маре.
– Ауу, како така!? Кој ги пушти во нашата спална? А татко ти каде е?
– Априлили мамо, денес е први април, не е непознат чичко, тато е.