Апсурд или напредок? Трансродов маж ја освои титулата најсилна жена во светот – луѓето револтирани
Американката Џеми Букер, 28 години, беше прогласена за „Најсилна жена во светот“ пред Британката Андреа Томпсон, 43, на Светскиот шампионат на Официјалните Стронгмен игри 2025 во Арлингтон, Тексас. Но наскоро настана жестока контроверзија кога се откри дека таа не пријавила дека е „биолошки маж“, поради што ѝ беше одземен трофејот, а титулата ѝ беше доделена на нејзината британска ривалк
Поранешниот шампион на Светскиот натпревар за најсилен маж, Мичел Хупер, јавно изрази револт и објави дека ќе настапи на натпреварот за најсилна жена следната година во знак на протест против трансродова натпреварувачка која според него неправедно ја освои титулата над биолошките жени. Овој потег ја разбранува јавноста и отвори прашања за фер-плејот и иднината на женските спортови.

Победникот Џеми Букер
Организаторите тврдат: Не знаевме дека Џеми Букер е биолошки маж – дисквалификација и изменети резултати
Во официјална изјава на Инстаграм, организаторите од Official Strongman Games наведоа: „Изгледа дека атлет кој е биолошки маж и кој сега се идентификува како жена учествувал во категоријата „Жени – Опен“. Официјалните лица не беа запознаени со оваа информација пред натпреварот и веднаш откако добивме информација, започнавме итна истрага.“ Тие додаваат: „Направен е обид за контакт со натпреварувачката, но не добивме одговор. Да знаевме однапред, или доколку ова беше декларирано некогаш пред или за време на натпреварувањето, атлетката немаше да ѝ биде дозволено да учествува во женската опен категорија. Јасно е: Натпреварувачките можат да се натпреваруваат само во категоријата според биолошкиот пол запишан при раѓање.“ Тие објавија дека Букер е дисквалификувана, а резултатите ќе бидат изменети за секој учесник.
Мичел Хупер: Ќе се натпреварувам како жена ако се дозволи настап на транс жени во женските спортови
Мичел Хупер, 30-годишниот победник на Светскиот натпревар за најсилен маж во 2023 година, за Daily Mail изјави: „Ако ситуацијата не се реши, јас 100% ќе се натпреварувам на Светскиот натпревар за најсилна жена следната година”. Тој нагласи дека нема намера да се повлече се додека организаторите не воведат забрана за трансродови натпреварувачи во женските спортови. „Не може да бидете истовремено за жените во спортот и за транс жените во женските спортови. Треба да има забрана за транс жени на сите женски спортови, особено во дисциплини со сила каде разликите се очигледни”, додаде Хупер.

Мичел Хупер
Победата на Џеми Букер го потресе Светското првенство за најсилна жена и ја подели јавноста
На церемонијата по завршувањето на натпреварот, може да се слушне Томпсон како вели: „Ова е срамота, можеме ли да одиме?“ по што ја напушта сцената, додека Букер славеше како победничка. Двете се натпреваруваа во шест дисциплини, од 20 до 23 ноември, меѓу кои „log press challenge“, „timber frame carry“ и „deadlift ladder“. Томпсон заврши седма на последната дисциплина, со 46 бодови, додека Букер освои 47.
Директорите и гледачите во Арлингтон, Тексас, беа сведоци на победа која веднаш ги запали социјалните мрежи. Видеото од подиумот покажува како вицешампионката Андреа Томпсон шепоти “ова е глупост” додека стои до Букер. Хупер го гледаше натпреварот во живо и рече дека му е жал за Томпсон: “На нејзино место, гласно би протестирал”. Контроверзијата беше дополнително разгорена кога спонзорот Iron Ape ја прекина соработката со Букер бидејќи не била транспарентна за нејзиниот родов идентитет, додавајќи дека има “нефер предност во женската дивизија”.

Физичката предност на Букер ја загрозува ферплеј идејата: „Ја видов жената поголема и од мене“
Хупер (висок 191 cm и тежок преку 150 kg) бил изненаден кога се соочил со Букер: „Прво мислев дека е навистина кул да видам жена поголема од мене, но кога сфатив дека е трансродова, тоа разбуди сериозни сомнежи.” Тој додаде: „Запознав фудбалери од NFL со помала телесно градба од Џеми. Ова отвора голема загриженост за очигледната физичка предност. Што и да избере секој да биде, мора да се застане цврсто во заштита на женскиот спорт.“
Огромна реакција на јавноста: спонзори се повлекуваат, спортисти молчат, фокусот е на ферплејот и транспарентноста
Букер беше обвинета дека лажела за родовиот статус и спонзорот Iron Ape го раскина договорот со неа. Сопственикот на Iron Ape, Колтон Крос, изјави: “Iron Ape никогаш нема да дискриминира по род, раса или сексуална ориентација, но мора да ги одржуваме највисоки стандарди на спортско однесување и ферплеј. Кога тие се прекршени, мора да реагираме одлучно.” Истовремено, Ребека Робертс, трикратна победничка на натпреварот, сензационално изјави дека никој, ни организаторите, не знаеле за минатото на Букер.
Гласните пораки на спортистките: Женските категории мора да останат само за биолошки жени
Робертс, чија објава беше поддржана и од Томпсон и тренерот Лоренс Шалаеи, напиша: „Немам омраза кон трансродовите лица, но не можам да молчам за нешто што ја загрозува иднината на женските силни спортови. Женските категории постојат со причина, а ако тоа го изгубиме, го губиме и коренот на нашиот спорт. Ова не е прашање за идентитет или политика, туку за неоспорливите физички разлики во спортот заснован на сила.” Томпсон доби јавна поддршка за нејзиниот настап, а нејзиниот тренер беше категоричен: „Женските класи постојат со причина. Спорт е спорт.”

Коментирај анонимно