Арахнофоб „измолзел“ 1,2 милиони пајаци во текот на седум години за да создаде ваква наметка

Арахнофоб и историчар одлучиле да направат возбудлив проект за кој е потребно трпение. Тие во тек на 7 години измолзеле 1,2 милиони пајаци за да направат масовен наметка. Американскиот моден дизајнер Николас Годли и Сајмон Пирс, британски експерт за уметност и текстил ја креирале наметката.

Тоа бил резултат на седумгодишен проект во Мадагаскар. Заедно со тим од 80 луѓе, тие собрале свила од милиони пајаци во име на модата. „Идејата да се користи пајакова свила за да се создаде облека потекнува од пред 300 години. Последниот значаен обид да се успее беше на крајот на векот, кога еден француски језуитски свештеник со седиште во Мадагаскар, Џејкоб Пол Камбу, експериментираше со ‘молзење’ пајаци за нивната свила.“, изјавил Николас.

Николас иако работел со нив тој вели дека неговиот страв од пајаци сѐ уште не исчезнал, иако многу мислеле дека ќе го надмине. Со цел да се креира наметката, тимот користел долги столбови за да собере женки пајаци од видот „Златни топки“, единствените способни да произведат свила. Сепак морале да внимаваат да ги држат посебно, бидејќи станува збор за канибалистички пајаци кои би се нападнале едни со други.

Потоа, 6.000 часа везење и милиони пајаци подоцна, наметката била завршена; очигледно е толку бестежинска што луѓето не можат да кажат дека ја држат.